Отворот во пластичниот дел од медицинските игли може да се затвори со силиконски лепак или пластичниот дел може да се загрее и со притискање со пинцета може да се затвори.
Материјали
Медицински игли (нови или користени во лабораторија), микробренер, пинцета, пиштол за лепење со силиконски лепак.
Постапка
• Се загрева пластичниот дел на медицинска игла во близина на пламен на микробренер.
• Кога ќе омекне пластиката таа се притиска со пинцета да се затвори отворот (Сл. 1).
• Другиот начин е да се затвори дупка во пластичниот дел со ставање на стопен силиконски лепак (Сл. 2).
Не користете медицински игли користени во болниците. Тие би можеле да бидат загадени и нивната употреба може да предизвика ширење на некоја болест! |